Измамена кавадарчанка мислела дека инвестира пари во банка и дека ќе добие милион долари

Измамена е жена од Кавадарци, која верувала дека вложува пари во странска банка и ќе добие милион долари.
Во Полициската станица Кавадарци, вчера 40-годишна жена пријавила дека во периодот од 2019 до 2022 година едно лице ја довело во заблуда дека за вложени пари во странска банка ќе добие голема камата и награда од 1 милион долари. Таа му дала пари на рака, а потоа и уплатила пари на сметка на банката. Во мај годинава си ги побарала парите преку електронска адреса на која контактирала со банката, но трансферот на пари, кои требало да ѝ ги вратат, не е реализиран. Полицијата работи на расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Специјалци по грешка упаднале во 12 куќи…
Лице кое му се заканувало на градоначалникот…
Митко Јанчев: Од 1 јануари започнува со…
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на социјалните…
Кавадарчанка искасана од улични кучиња
На 29.11.2024 година во 21.10 час во…
Избегната трагедија во Кавадарци – куче нападнало…
Вчераутро во Кавадарци е избегната голема трагедија,…
Скопјанец со фалсификувани евра си купил автомобил…
СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.И.(30)…