Измамена 86-годишна жена од Скопје: Ѝ побарале 10.000 евра за да ја „ослободат“ ќерка и од полиција во Црна Гора

t

На 14.08.2024 во 15.20 часот во СВР Скопје, 86 – годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат од полиција во Црна Гора.

Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на местото каде што ѝ кажало лицето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управител на градежна фирма измамил охриѓанец за…

Вчера во 16.00 часот во СВР Охрид,…

Жена почина на паркинг во Кисела Вода!

На 19.02.2024 околу 11.30 часот во СВР…

Поранешниот шеф за „различности“ на Фејсбук се…

Обвинителите велат дека измамата се потпирала на…

Во Битола приведена скопјанка барана со шест…

Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници…

Германските власти издадоа предупредување поради руските шегобијци…

Германските власти се предупредени да внимаваат на…