Измами низ Кочани: Земаат пари „за да им спасат блиски од кривичен прогон“
Во изминатиотпериод во ОВР Кочани граѓаните пријавија повеќе кривични дела „измама” кои се
извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведувааат во заблуда лицата на тој начин што
им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски
службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни
блиски кои, наводно, предизвикале сообраќајна несреќа со смртни последици.
Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се
контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се
слуша глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и
активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до
граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да
пријават во полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Измами низ Кочани: Земаат пари „за да…
Во изминатиотпериод во ОВР Кочани граѓаните пријавија…
Денес нов „Марш за ангелите“ во Кочани
Денеска во Кочани со почеток од 14:05…
„Oсомничени полицајци се на слобода, го губиме…
Нов протестен „Марш за ангелите“ се одржа…
„Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе…
„Здружението на граѓани 16.03.2025“ формирано од граѓани…
Службениците во Економија немале надлежност да го…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…