Изменет сообраќаен режим кај надвозникот „Влајко“ поради испитување на статиката
Во населбата Влае кај надвозникот „Влајко“ од денеска ќе биде воведен изменет сообраќаен режим поради започнување на активности за статичко испитување на конструкцијата. Како што соопштуваат од Општина Карпош, работите ќе се реализираат во две фази, со затворање на делови од булеварот „Партизански одреди“ по принципот лента по лента.
-Во првата фаза се предвидува затворање на дел од сообраќајницата, односно булеварот „Партизански одреди“, по принципот лента по лента, во насока исток – запад, поточно во правец кон населбата Ѓорче Петров. По завршување на првата фаза, ќе следи затворање на сообраќајот во насока запад – исток, (кон Центар), исто така по принципот лента по лента, стои во соопштението од Општина Карпош.
Сообраќајот ќе се одвива непречено, согласно поставената сигнализација и опрема, со ограничување на брзината од 30 километри на час.
Работите се предвидува да траат седум работни дена, по што ќе биде воспоставен редовниот режим на сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изменет сообраќаен режим кај надвозникот „Влајко“ поради…
Во населбата Влае кај надвозникот „Влајко“ од…
ЕСМ доделил тендер на фирмата „Руд Коп”…
Продолжуваат скандалозните тендери во најголемиот државен загубар…
Венс: Бајден, Обама и Буш го прикривале…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави…
Еврото тоне по трговскиот договор со САД
Падот на еврото се забрза во понеделник,…
ЦУК: До 21 часот активни 11 пожари
Четири пожари се под контрола, а 11…