Измени во законот за извршување – синдикатите бараат да се укинат енормните давачки, во спротивно ќе има протести

t

Повторно се подготвуваат измените на Законот за извршување со кој граѓаните ќе се соочат со грабеж преку извршители, адвокати и нотари, обвини претседателот на Конфедерација на слободни синдикати Марјан Ристевски. Тој вели дека фирмите кои побаруваат долг од граѓаните наместо да ги достават барањата за плаќање до нив, тие со посредство на адвокати ги зголемуваат сумите што треба да се исплатат до 20 па и 30 пати. Ристовски со порака до министерот за правда.

„Ова Министерство се прашувам дали е за правда или е за неправда. Дали министерот гледа, еве две години скоро е на власт што се случува, дали го слуша гласот на народот. Очигледно не го слуша. Од овде апелираме овој закон, овие измени што ги прават, бидејќи е ставен на ЕНЕР уште некој ден и сакаат да го пуштат во процедура да го усвојат, ние бараме да се повлече и да бидеме вклучени активно во изготвување на законот“, вели Ристевски.

Ристевски најави и дека за овој проблем за кој постои огромен револт кај граѓаните ќе побараат средба и со премиерот Христијан Мицкоски. Доколку не се слушнат нивните барања за укинување на дополнителни трошоци, најавуваат протести. Енормни криминали застаруваат, а долговите кај извршителите не, вели тој.

„Зошто овие дополнителни трошоци. Значи Законот за извршување треба да биде граѓанинот да си го плати главниот долг а не да ги богатиме адвокати, нотари, извршители и трошоци и глупости да измислуваат. Оваа борба веќе ја водиме не знам колку години и се надевам дека конечно ќе се стави крај. Не може да се плаќаат сметки од 2.000-та година или 96-та деновиве дојде еден граѓанин, а гледате какви криминали застаруваат„, изјави Ристевски.

За тоа до колку се зголемува долгот беше наведен и пример.

„Се работи за младо лице, немало или не плаќа градска автобуска карта во Скопје. Картата е 35 денари. Од 35 денари извршувањето доаѓа на 11.500 денари тоа е пред 3 години. На протести дојде жената, мајката и го даде документот. Замислете до каде е дојдено ова извршување“, изјави Перо Оџаклиев.

Од синдикатите велат дека предмети во кои граѓаните треба да плаќаат на извршители се околу 300 илјади случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Измени во законот за извршување – синдикатите…

Повторно се подготвуваат измените на Законот за…

Во Скопје стигна до 3000 евра за…

Странските инвестициски фондови кои на големо купуваат…

(Видео) Драма на средба со Вучиќ: Жена…

За време на посетата на српскиот претседател…

Панчевски ќе објавел книга за СЈО, вели:…

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски…

„ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА Е ОБИЧНА ЛАЖЛИВКА“: Најчевска со остра…

Професорката и активистка, Мирјана Најчевска со остра…