Изминаа 3000 денови откако „се гради” автопатот од Кичево кон Охрид
Верувале или не, изминаа над 3000 денови како „се гради” автопатот од Кичево кон Охрид, вели Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.
„57 км долгиот автопат кога ќе го поделиме со 3000 денови би значело дека онаа машинерија од 600 машини (за која што лажат дека е на терен, нема ни 60) до сега да градела само по 19 метра на ден, автопатот ќе беше готов.
А тие заглавени на некои си 65% од вкупната реализација откако во 2017та наследила 50% прогрес.
Единствено цената на чинење ја зголемија за 200 мил евра, и си потпишаа анекси за продолжување на рокот на завршување на автопатот кој пред тоа сами си го зададоа и пробија.
Со министерот за транспорт и врски никако да се видиме пред камера, и го разбирам, после ваков неуспех не би сакал да се соочи со фактите.
Премногу е“, додава тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес почувствуван во Охрид и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.степени е…
Истрага против две лица за тешката сообраќајна…
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за…
Силно невреме со град го погоди Охрид
Околу 16 часот попладнево, силно невреме со…
Трагедија во Охрид: Извлечено тело од водите…
Безживотно тело попладнево околу 14 часот е…
Скандинавски Охрид: Отпад и муљ оставени на…
На почетокот на летната сезона, непријатни слики…