Израелската армија тврди дека го убила командантот на Хамас Мустафа Далул

t

Израелските сили го убија Мустафа Далул, командант на баталјонот на Хамас „Сабра Тел ел Хава“, кој одигра клучна улога во насочувањето на борбата против Израел во Појасот Газа, соопшти израелската армија.

„Израелските авиони, дејствувајќи врз основа на разузнавачки податоци, го убија Мустафа Далул, командант на баталјонот „Сабра Тел ел Хава“, кој од почетокот на војната имаше централна улога во борбите против израелската армија во Појасот Газа“, се наведува во соопштението за медиумите.

Во соопштението се додава дека Далул во последните години имал неколку позиции во баталјоните и бригадите на Хамас во Газа.

Потсетуваме, израелската армија на 27 октомври објави дека убила висок командант на Хамас, еден од одговорните и еден од главните команданти на милитантната организација, кој помогнал во планирањето на нападот врз Израел на 7 октомври.

Израелските одбранбени сили (IDF) соопштија дека воени авиони го гаѓале Шади Баруд, заменик-шефот на разузнавачката служба на Хамас, врз основа на „прецизни разузнавачки информации“.

https://twitter.com/IDF/status/1720340333899153467?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1720340333899153467%7Ctwgr%5E3ac62f17ede78358d481772381a10c3d27eab1f9%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fizraelskata-armija-tvrdi-deka-go-ubila-komandantot-na-khamas-mustafa-dalul

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…