Објавено на:

Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена е Грета Тунберг

t

Израелските сили се качија на неколку бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ и ги превезоа активистите во израелско пристаниште, разбивајќи протест против блокадата на палестинската територија од страна на Израел.

Грета Тунберг е видена како седи на палубата опкружена со војници, на снимка од израелското Министерство за надворешни работи и потврдена од „Ројтерс“. Шведската активистка за климатски промени е најистакнатиот патник на пропалестинската флотила.

„Израелските војници пресретнаа меѓународна флотила која се обидуваше да достави лекови и храна во Појасот Газа. Тие се качија на бродовите кои се приближуваа кон енклавата“, соопштија организаторите на мисијата.

Флотилата, составена од повеќе од 40 цивилни бродови, носи околу 500 пратеници, адвокати и активисти, имаше план да ја пробие израелската блокада на Газа. Израелците ја започнаа операцијата кога флотилата беше на околу 90 наутички милји од енклавата. Досега се пресретнати најмалку шест брода. Објавени се снимки од бродовите „Флорида“ и „Ол Ин“, на кои се качија израелски војници. Сите членови на екипажот се однесени на копно.

„Преносите во живо од бродовите и комуникациите се прекинати. Статусот на учесниците и екипажот останува непознат. Ова е нелегален напад врз невооружени хуманитарни работници. Ги повикуваме владите и меѓународните институции да побараат нивна итна безбедност и ослободување“, објави флотилата на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелската војска упадна на бродовите што пловат…

Израелските сили се качија на неколку бродови…

„Стоп за Вардариште“: Од денес тричасовни блокади…

Најавена уште една блокада во Скопје за…

Папата му се спротивстави на Трамп –…

Продолжувајќи ја реториката на својот претходник, папата…

Облачно и студено со врнежи од дожд,…

Облачно и студено со врнежи од дожд,…