Објавено на:

Израелскиот МО: Воените операции на северот на Газа ќе траат со месеци

t

Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, денеска изјави дека продолжувањето на операциите на израелската армија на северот на Газа ќе трае со месеци и оти армијата планира да ја продолжи офанзивата и на југ се додека Израел целосно не ја контролира целата територија.

Најавата на Галант на прес-конференцијата се заканува да ги усложни напорите на американскиот државен секретар и другите меѓународни посредници за воспоставување прекин на огнот.

Блинкен денеска пристигна во Саудиска Арабија во својата петта посета на регионот на Блискиот Исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

Галант истакна и дека раководството на Хамас, вклучително и лидерот на палестинската екстремистичка организација Јахја Синвар, е во бегство.

„Синвар оди од скривалиште до скривалиште, тој не може да комуницира со околината“, рече Галант, додавајќи дека постојат несогласувања меѓу лидерите на Хамас во Газа и оние во странство, што „се смета за знак на паника“.

По големата копнена операција во северниот дел на Газа на почетокот на војната, Израел го намали бројот на војници во тој дел од палестинската територија, но Галант вечерва изјави дека армијата продолжува да дејствува како одговор на конкретни закани.

Тој, исто така, додаде дека армијата на север слободно може да започне копнени операции и ќе продолжи да го прави тоа во наредните месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Нетанјаху се обрати: Граѓани на Израел, претстојат…

Израел ќе одговори со сила на секој…