Израелскиот премиер му се налути на Џастин Трудо за неговите изјави
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му возврати на неговиот канадски колега Џастин Трудо, кој го повика да покаже максимална воздржаност во тековната копнена операција во Газа.
Најголемата болница во енклавата, Ал-Шифа, е нападната од израелските одбранбени сили (ИДФ), кои тврдат дека комплексот се користи како засолниште од Хамас. Нетанјаху ја обвини милитантната група за илјадниците цивилни жртви во Газа во објава на X (Твитер) во средата.
„Не е Израел тој што намерно гаѓа цивили, туку Хамас што обезглавува, пал ии масакрира цивили“, рече Нетанјаху, нарекувајќи ги акциите на Хамас на 7 октомври најлошото нешто што им се случило на Евреите по Холокаустот. Тој инсистираше на тоа дека Израел прави се што е можно за да ги „чува цивилите од опасност“.
Изјавата на Нетанјаху дојде како одговор на говорот на Трудо во вторникот, во кој тој изјави дека „цената на правдата не може да биде континуираното страдање на сите палестински цивили“.
„Дури и војните имаат правила“, продолжи канадскиот премиер, повикувајќи ја израелската влада „да спроведе максимална воздржаност“.
„Светот е сведок на ова убиство на жени и деца, на бебиња. Ова мора да престане“.
Повеќе од 11.000 луѓе, од кои многу се жени и деца, според палестинското Министерство за здравство, се убиени како резултат на операцијата на Израел во Газа од 7 октомври, кога Хамас изврши ненадеен напад врз Израел, убивајќи најмалку 1.200 над 200 заложници. По ова, Израелската војска ја блокираше Газа, а со тоа блокирајќи ја храната, водата, горивото, енергијата и основните работи и започна со масовно бомбардирање и копнена операција.
Во претходните разговори меѓу двајцата лидери, Трудо ја изрази целосната поддршка на Канада за Израел и неговото право да се брани. Сепак, илјадниците цивилни смртни случаи како резултат на операцијата на Израелската армија во Газа и масовните демонстрации што се случуваат ширум светот се чини дека ги наведоа некои од цврстите поддржувачи на Израел да заземат помек став. Минатата недела, американскиот државен секретар Антони Блинкен повика да се минимизираат смртните случаи и страдањата, велејќи дека „премногу Палестинци се убиени“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИДФ: Ликвидиpан виcок функционеp на Xамаc
Израелската армија (ИДФ) и разузнавачката служба Шин…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…