Израел ги укинува ковид сертификатите

Зелениот сертификат го поседуваа лица кои неодамна закрепнале од вирусот или се вакцинирани со три дози од вакцината, со што тие можеа да влезат во затворени простори и да учествуваат на големи собири.
Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска најави дека ќе се укине зелениот сертификат, бидејќи бројката на нови заразени на дневна основа продолжува да се намалува.
По средбата со здравствените власти, Бенет изјави дека бранот на омикрон во земјата е „прекинат“, и дека претстои дополнително укинување на епидемиолошките мерки во земјата.
Зелениот сертификат го поседуваа лица кои неодамна закрепнале од вирусот или се вакцинирани со три дози од вакцината, со што тие можеа да влезат во затворени простори и да учествуваат на големи собири.
Како што се наведува, иако бројот на нови заразени е сè уште висок, израелското Министерство за здравство известува за постојан пад на сериозните случаи на ковид-19 од пикот на омикрон што беше во земјата на почетокот на февруари.
Од почетокот на имунизацијата во земјата, околу 48 отсто од 9,4 милиони луѓе примиле три дози од вакцината „Фајзер“, а повеќе од 72 отсто од населението примиле најмалку една доза вакцина.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, најмалку 9 710 луѓе починаа во Израел како последица на инфекцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел формира директорат за раселување на Палестинците…
Израелското Министерство за одбрана вчера објави дека…
Израел го нападна Либан
Со повеќе воздушни напади Израел атакуваше на…
Израел ја прекина струјата во Газа
Израел објави дека ја прекинува струјата во…
Израел до Хамас: Не правете грешка, портите…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска…
Израел купува повеќе од 40.000 авионски бомби…
Израел ќе набави повеќе од 40.000 авионски…