Израел го нападна клучниот пат меѓу Бејрут и Дамаск

t

Израел изврши воздушен напад врз клучен пат меѓу либанската престолнина Бејрут и главниот град на Сирија – Дамаск, уништувајќи минибус полн со муниција, при што загина возачот, соопштија извори од либанската служба за безбедност, пренесува БТА.

Изворите потврдија дека минибусот, погоден на патот помеѓу Бејрут и Дамаск, бил полн со оружје, а по нападот патот е затворен за сообраќај.

Во меѓувреме, израелската војска повика на евакуација на населението во градот Баалбек во источен Либан.

Паралелно, групата „Хезболах“ изврши напад со беспилотни летала врз воена база во близина на Хаифа, во северен Израел, како одговор на израелските напади врз Либан.

Според податоците, израелските напади во Либан за последниов месец предизвикале над 1700 жртви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…