Израел денес ослободи 200 палестински затвореници

Израел денеска ослободи вкупно 200 палестински затвореници според договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, објавија властите во Тел Авив.
Преку преминот Керем Шалом, 16 поранешни затвореници се вратиле во Газа и биле префрлени во болницата во Кан Јунис, од кои четворица се задржани на подетален преглед.
Во Рамала, на окупираниот Западен Брег, голем број луѓе ги пречекаа ослободените затвореници, веејќи го палестинското знаме и извикувајќи слогани за поддршка.
Ал Џезира пренесува дека ослободените војници, кои сè уште носеле затворски комбинезони, се насмеале, мафтале на толпата и се прегрнале.
Првите 70 ослободени затвореници претходно денеска беа префрлени од Израел во Египет и моментално се наоѓаат на египетската страна на граничниот премин Рафах.
Од вкупно 200 ослободени Палестинци, околу 70 затвореници ќе бидат испратени во егзил, во замена за четворица израелски војници кои претходно денеска беа ослободени од Хамас, пишува The Times of Israel.
Хамас ослободи четири жени-членки на израелските одбранбени сили (ИДФ), кои беа заложници од групата од нападот на 7 октомври 2023 година, и ги предаде на Меѓународниот Црвен крст.
Размената доаѓа како дел од прекинот на огнот што започна во неделата, со цел да се намали насилството и постепено да се стави крај на војната меѓу Израел и Хамас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел формира директорат за раселување на Палестинците…
Израелското Министерство за одбрана вчера објави дека…
Израел го нападна Либан
Со повеќе воздушни напади Израел атакуваше на…
Израел ја прекина струјата во Газа
Израел објави дека ја прекинува струјата во…
Израел до Хамас: Не правете грешка, портите…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска…
Израел купува повеќе од 40.000 авионски бомби…
Израел ќе набави повеќе од 40.000 авионски…