Објавено на:

Израел е подготвен за првата фаза од планот на Трамп, воената акциja во Газа е сведена на минимум

t

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел е подготвен веднаш да ги ослободи сите заложници во согласност со првата фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Израел е подготвен веднаш да ја спроведе првата фаза од планот на Трамп за итно ослободување на сите заложници. Ќе продолжиме да работиме во целосна соработка со претседателот и неговиот тим за да ја завршиме војната во согласност со принципите на Израел и визијата на Трамп“, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху објавено во текот на Шабат, објави „Тајмс оф Израел“.

Претходно, военото радио „Кан“ објави дека израелските политички лидери им наредиле на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да ја прекинат офанзивата врз градот Газа откако Трамп побара израелските напади веднаш да бидат прекинати за да се овозможи безбедно ослободување на заложниците.

Според извештаите, на единиците на терен им е наредено да ги намалат своите активности на минимум и да спроведуваат исклучиво одбранбени маневри. Самата војска ја потврди промената на воениот фокус, објавувајќи дека началникот на Генералштабот Ејал Замир извршил посебна проценка на ситуацијата со врвните генерали и издал наредба за подготовка за спроведување на првата фаза од планот на Трамп.

„Безбедноста на нашите сили е од најголема важност и сите капацитети на ИДФ ќе бидат доделени на Јужната команда за одбрана на нашите трупи“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел е подготвен за првата фаза од…

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти…

Денеска се празнува Светиот апостол Кодрат

Еден од Седумдесетте. Ученик на големите апостоли.…

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно и студено со повремени врнежи…

Биткоинот блиску до нов ценовен рекорд

Цената на Биткоинот денес значително се зголеми,…

Тревога во Минхен: – Германската војска се…

Германската војска ќе помогне во заштитата на…