Израел купува повеќе од 40.000 авионски бомби од САД во вредност од две милијарди долари

Израел ќе набави повеќе од 40.000 авионски бомби Mк-84, од кои секоја тежи 900 килограми, а содржи 429 килограми експлозивен материјал. Договорот за оваа набавка изнесува две милијарди долари.
Израелската влада ќе купи 35.529 бомби Mк-84 или BLU-117E, како и дополнителни 4.000 продорни боеви глави I-2000 Penetrator. Покрај бомбите, договорот вклучува резервни делови, потрошен материјал, дополнителна опрема, поддршка за поправка и транспорт.
Овие бомби се стандарден модел на американското воено воздухопловство и се користат низ светот за уништување на живи цели и фортификациски објекти, со можности за зголемена прецизност, пишува Дневни аваз.
Бомбата Mк-84 при експлозија создава кратер широк до 15 метри и длабок 11 метри, а може да продре до 38 сантиметри во метал и три метри во бетон, зависно од висината на испуштање. Нејзиниот смртоносен радиус изнесува 120 метри, а на пошироко подрачје може да предизвика сериозни повреди, внатрешни крварења и други последици.
Освен класичните Mк-84, Израел ќе набави и продорни боеви глави I-2000 Penetrator, кои се наменети за уништување на бункери, фортификациски објекти и подземни складишта.
Набавката на ваков голем број бомби го рефлектира разорниот интензитет на војната што Тел Авив ја води во Појасот Газа и Јужен Либан. Оваа испорака веројатно претставува обнова на потрошените залихи од тие воени операции, посочува Аваз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Јеменски напад во Израел, сирени во…
Нов напад од јеменската бунтовничка група во…
Трамп: САД мора да го имаат Гренланд,…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им рече…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Израел формира директорат за раселување на Палестинците…
Израелското Министерство за одбрана вчера објави дека…