Израел му се закани на Иран: Ако нѐ нападне Хесболах, ќе го збришеме ајатолахот

t

Нир Баркат, израелскиот министер за економија, предупреди дека иранските ајатоласи ќе бидат „збришани од лицето на земјата“ доколку Хезболах го нападне Израел. Жестоките коментари го подигнуваат сериозното сениште за брзо ескалирање на регионален конфликт и доаѓаат во пресрет на очекуваната израелска копнена инвазија на Појасот Газа за да го уништи Хамас еднаш засекогаш.

Десетици илјади израелски војници моментално се наоѓаат на границите на Појасот Газа каде Хамас, кој исто така е поддржан од Иран, држи околу 200 заложници заробени во нападот врз јужен Израел на 7 октомври.

Сепак, се зголемуваат стравувањата дека Израел би можел да биде принуден да се бори на два фронта додека Хезболах и израелските одбранбени сили разменуваат оган преку северната граница на Израел со Либан.

Баркет предупреди дека Израел не само што ќе го елиминира Хезболах ако отвори фронт на север, туку ќе го нападне и Иран.

– Планот на Иран е да го нападне Израел на сите фронтови. Ако откриеме дека имаат намера да го таргетираат Израел, не само што ќе возвратиме на фронтовите, туку ќе тргнеме по главата на змијата, а тоа е Иран. Ајатоласите во Иран нема да спијат добро ноќе. Ќе се погрижиме да платат висока цена ако, не дај Боже, го отворат северниот фронт. Либан и Хезболах ќе платат висока цена и цена слична на онаа што ја плати Хамас. Но, тоа не е доволно. Многу јасна порака е дека и ние ќе тргнеме по шефовите на Иран. Кога ќе го направиме тоа? Кога ќе одлучиме – рече Баркет.

Израелскиот министер потоа директно му се обрати на Иран.

– Израел има многу јасна порака до своите непријатели. Погледнете што се случува во Газа. Ќе го добиете истиот третман ако нѐ нападнете. Ќе ве избришеме од лицето на Земјата – предупредува Баркет.

Со 20.000 борци, Хезболах е една од најмоќните паравоени сили на Блискиот Исток и се верува дека Иран секоја година им насочува стотици милиони долари.

Голема војна избувна во 2006 година меѓу Израел и Либан, откако Хезболах лансираше проектили врз израелските градови.

За време на жешкото интервју, Баркат, поранешен градоначалник на Ерусалим и поранешен воен падобранец, рече дека Хезболах „нема да ескалира“ без наредба од Иран.

– На многу начини Хезболах е Иран – рече министерот.

Воените експерти предупредија дека коментарите на израелскиот министер ризикуваат сериозна ескалација што може да го турне регионот во сеопфатна војна.

Ричард Баронс, поранешен шеф на командата на здружените сили на британската армија, наведува дека постои ризик целиот Блиски Исток да западне во војна.

– Ако Израел го нападне Иран, тоа е воен чин, па Иран ќе одговори. И кога тоа ќе се случи, тогаш муслиманскиот свет како целина ќе почувствува дека ова стана војна меѓу Израел и исламот и каде ве води тоа? На Блискиот Исток постои секаков ризик настаните да излезат од контрола и светот да заврши на место каде што никој не сака да биде – изјавија Барони.

Мајкл Кларк од одделот за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон рече дека верува оти американските власти го повикале Израел да не ги упатува заканите од Баркат.

– Израелците ги кажуваат ваквите работи делумно како чин на одвраќање, но сосема е веројатно дека Иранците нема да можат да ги контролираат силите што дејствуваат во нивно име – рече Кларк.

Да потсетиме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска се сретна со војниците на северната граница и ја предупреди шиитската група Хезболах.

– Ќе ја направат грешката на животот ако нѐ нападнат. Ќе удриме со сила која тие не можат ни да ја замислат, што ќе биде погубно и за нив како и за Либан – рече Нетанјаху, објави Дејли Меил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…