Израел поднесе жалба против одлуката на МКС за налогот за апсење на Нетанјаху и Галант

t

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека ја обжалил одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант.

Во владиното соопштение се наведува дека во жалбата „детално се објаснува колку е апсурдно издавањето на налогот за апсење и колку истиот нема фактичка и правна основа“.

Ако МКС ја отфрли жалбата, тоа само „ќе им покаже на пријателите на Израел во САД и светот колку е пристрасен Меѓународниот кривичен суд против Израел“, се додава во соопштението.

МКС минатата недела издаде налози за апсење на Нетанјаху и Галант и водачот на военото крило на Хамас, Мухамед Деиф, обвинувајќи ги за воени злосторства и злосторства против човештвото во војната во Газа.

Судот го отфрли тврдењето на Израел дека требало да го извести Израел за истрагата за борбите, иако рече дека земјата може да поднесе жалба на надлежноста на судот по одлуката за издавање на налогот за апсење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…