Израел тврди дека ја понудил секоја можна помош за олеснување на хуманитарната криза во Газа

t

Израел инсистира на тврдењето дека ја „понудил секоја можна помош“ за олеснување на хуманитарната криза во Газа, одговарајќи на соопштение на Канцеларијата за хуманитарни прашања на ОН дека здравствениот систем во окупираната Палестина територијата е во колапс.

Директорот на комисијата за надворешни и воени прашања на израелскиот Парламент, Јули Елдштајн, кој е близок соработник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, изјави за новинарите дека полските болници се отворени во Газа, со помош на Обединетите Арапски Емирати и Јордан.

„Ние ја понудивме секоја можна помош и подготвени сме да направиме повеќе. Но, една работа мора да биде јасна. Постои преклопување меѓу медицинскиот систем, болниците, со терористичките активности на Хамас. Тоа е нешто што не можеме да го толерираме“, рече Елдштајн.

Заменик-специјалниот координатор на ОН за мировни прашања на Блискиот Исток, Лин Хестингс, претходно во текот на денот изјави дека речиси половина од населението на Појасот Газа сега е на граничниот премин Рафа во обид да избега од израелското бомбардирање, пренесе „Гардијан“.

„Ова не води кон ништо друго освен до здравствена криза“, рече Хестингс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Град Скопје објави јавен повик за субвенции…

Град Скопје објави Јавен повик за доделување…