Израел ќе и испорача оружје на Србија како благодарност за испораката на муниција

Според германските медиуми, Израел е благодарен за испораките на муниција која Србија неодамна и ги предаде на израелската армија и во таа насока се планира да му достави израелско оружје во знак на благодарност.
Според текст објавен во „Дојче веле“ напишан од дописникот Ари Егози, Србија на Израел му доставила список на одбранбени системи произведени од израелски воени фабрики за кои е заинтересирана, пренесува платформата „Дифенс нетворк.ком“.
„Во знак на благодарност за поддршката на Србија во форма на муниција, Израел ќе и испорача на Србија артилериски системи ПУЛС и беспилотно летало „Хермес 900“, а испораката се очекува да започне кон средината на 2025 година“, се наведува во текстот, пренесува Дојче веле.
Егози се повикува на српски извори кои тврдат дека за време на војната што започна на 7 октомври 2023 година, Србија го снабдувала Израел со разни видови муниција. Овие испораки дојдоа откако САД суспендираа некои испораки со цел да извршат притисок врз Израел и да го принудат да дејствува во согласност со политиката на американскиот претседател Џо Бајден.
Се наведува и дека во исто време кога Србија испраќала муниција, било одлучено да се избере Израел за партнер за набавка на одбранбени системи. Врз основа на договорот потпишан во ноември 2024 година, вреден 335 милиони долари, Србија ќе купи израелски артилериски системи и беспилотни летала. Договорот предвидува испорака на ракетни фрлачи ПУЛС (прецизни и универзални системи за лансирање), познати во Србија како ЛИНКС, како и ракети Хермес 900 и беспилотни летала.
Испораките на оружје од фабриката „Елбит системи“ се очекува да започнат кон средината на 2025 година, а договорот се очекува да се реализира во период од три години и шест месеци.
ПУЛС, произведен од Елбит, е разновиден и ефективен систем за истрелување ненаведувани и наведувани проектили, со различен дострел. Овој систем може целосно да се интегрира во постојните платформи за возила, со што значително се намалуваат трошоците за одржување, поправка и обука.
Хермес 900, најновиот модел на беспилотно летало произведено од Елбит системс, е најголемото беспилотно летало произведено од оваа фабрика. Дронот е дизајниран за широк опсег на мисии, вклучувајќи контрола на територија, континуирано разузнавачко надгледување, како и извидување и идентификација на цели на копнени и морски области.
Хермес 900 стана еден од најбараните системи во светот, а по добивањето на потребните дозволи за извоз беше продаден во повеќе од 20 земји.
Овој договор меѓу Србија и Израел дополнително ги зајакнува воените и политичките односи меѓу двете земји, што ги прави клучни партнери во регионот и пошироко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тажна вест од Србија: Поранешен кошаркар на…
Трагични вести пристигнуваат попладнево од Србија каде…
Франс прес за протестите во Македонија и…
„Од улиците на Белград во Србија до…
Израел формира директорат за раселување на Палестинците…
Израелското Министерство за одбрана вчера објави дека…
„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…
Не сме дел од никаква група за…
Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои…
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на…