Изречени казни од 750.000 денари за маркетите кои не го почитувале замрзнувањето на цените
Државниот пазарен инспекторат во периодот од 20 до 26 март извршил над 500 инспекциски надзори на целата територија на Република Македонија.
– Издадени се над 180 прекршочни платни налози со вредност над шест и пол милиони денари, од кои 125 прекршочни платни налози по Закон за трговија, 42 прекршочни платни налози по Закон за угостителска дејност, 26 прекршочни платни налози по Закон за заштита од пушењето, 100 прекршочни платни налози по Закон за финансиска дисциплина, 20 прекршочни платни налози по Закон за енергетика, соопшти Државниот пазарен инспекторат.
Извршени се над 130 инспекциски надзори по Одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки донесени од страна на Владата. Констатирани се шест прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 754.000 денари.
– Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа. Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет, се наведува во соопштението од ДПИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пад на цените на нафтата на…
Цените на нафтата паднаа под 76 долари…
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…
Во последната деценија и половина, пазарот на…
Од полноќ поскапуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Поскапува мазутот, останатите цени на горивата остануваат…
Малопродажните цени на бензините, дизелот и на…