ИЗЈАВИЛ ДЕКА Е НОВИОТ ФИРЕР И ДЕКА ЌЕ ОДИ ДА ГО ОСВОИ СВЕТОТ! Во собата на Кецмановиќ пронајдена нацистичка литература!
Гости на вечерашниот Хит Твит се психологот Алексдра Јанковиќ, Владимир Ѓукановиќ, маркетинг експертот Небојша Крстиќ и главниот уредник на Информер Драган Ј. Вучиќевиќ, а главна тема се двете големи трагедии кои ја погодија Србија.
Зборувајќи за масакрот во Врачар, Вучиќевиќ рече дека момчето убиец е сериозно обучен стрелец.
– Прецизно ги пукал жртвите, во главата и во срцето – изјавил Вучиќевиќ, а Крстиќ вели дека се уште не разбира како е тоа можно.
Главниот уредник на Информер истакна дека зборува за хиперинтелигентно дете.
– Тој во еден од разговорите изјавил дека е новиот фирер и дека ќе го освои светот. Во неговата соба била пронајдена нацистичка литература, за која неговите родители наводно не знаеле, што е малку веројатно. Зборуваше и за методите на Гебелс, и дека Евреите го налутиле – вели Вучиќевиќ и наведува дека сите потврдиле дека е хиперинтелигентно дете.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…