Изјави имало и ќе има, освен уставните измени нема друг услов за отворање на поглавја со ЕУ
Вицепремиерот Бојан Маричиќ вели дека уставните измени кои треба да бидат донесени во Собранието, се единствен услов за да се отвори кластерот, со што ѝ возврати на бугарската министерка за надворешни работи, Марија Габриел, која претохдно рече дека не се само уставните измени услов за Скопје.
Маричиќ нагласи дека во заклучоците на европскиот Совет јасно е дадено до знаење дека штом се направат уставните измени, без никакво натамошно одлагање и без нова политичка одлука, ќе има втора меѓувладиниа конференција на која ќе се отвори првиот кластер.
„ Изјави имало и ќе има и понатаму, но битно е што пишува во заклучоците на Европскиот совет. Во нив пишува дека штом се направат уставните измени веднаш без одлагање и нова политичка одлука, што е многу важно, ќе има втора меѓувладина конференција на која ќе се отвори првиот кластер.
Ние не сме кажале дека тоа нема да се почитува. Тоа ќе биде прашање до крајот на преговорите со ЕУ. Протоколите што се потпишани се спроведуваат и треба да се спроведуваат, но тоа не е услов за отворање на првиот кластер. Единствен услов за отворање се уставните измени и тоа јасно го пишува во заклучоците на европскиот Совет, а секоја друга изјава ја гледам само како политички став“, рече Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи: Изјавите на портпаролот на Европската Унија…
Косовската претседателка смета дека евентуалните разговори со…
Раст на БДП и вработеноста во ЕУ…
Бруто-домашниот производ во Европската унија како и…
ЕУ ќе исплати 4,2 милијарди евра помош…
Европската Унија денеска ќе исплати речиси 4,2…
Стано за литиумот: ЕУ не би поддржала…
Европската унија нема да поддржи нешто во…
Мали: Србија е на прво место по…
Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали…