Илиевски: Кисела Вода усвои промена на статутот на општината со цел формирање на Локален Младински Совет

t

На денешната седница на советот на општина Кисела Вода се усвои промена на статутот на општината со цел формирање на Локален Младински Совет. Суштинската задача на локалната самоуправа е донесување на одлуки на ниво коешто е поблиску до граѓаните, како и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, информираше Никола Илиевски.

Водејќи се од овие принципи, при работата на секоја општина, па и Општина Кисела Вода, нужна е децентрализација во поглед на управување со интересите на одделни категории на лица, од кои денес ќе ги издвојам младите. Како активни чинители на општеството, овие лица имаат конкретни и специфични барања и потреби. Преку поттикнување на нивното критичко размислување, преку нивна активна ангажираност во општествените процеси, се отвора можноста за имплементирање на нивните идеи, на давање моќ на нивниот глас. Со тоа, одлуките кои ќе излегуваат од една институција, ќе бидат комплетни, целосни и поткрепени со афирмација од засегнатата страна. Оттука ценам дека е неопходна вклученост на младите во активностите на Општина Кисела Вода, при изготвувањето на Програмите за работа во општините, во креирањето на буџетот кој секоја општина го има определено за активностите на младите, како и за сите прашања кои ги засегаат младите луѓе. Ова пак, ќе им биде овозможено преку оформување и постоење на ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ, како тело, кое ќе има советодавна улога и во целост ќе им даде глас на младите лица од овој дел на градот Скопје. А зошто веќе постоечкиот и функционален Локален Младински Совет кој беше формиран и целосно ставен во функција за време на ВМРО-ДПМНЕ, по доаѓањето на власт на СДСМ целосно згасна. Се надевам ќе образложат од истата партија зошто младите не им биле битни, како и нивните барања и потреби!, се вели во неговата објава

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…

Хрватскиот министер за здравство по појавата на…

Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…

Левица го обвини градоначалникот на Ѓорче Петров,…

152.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНА ПЛАТА НЕ ГИ ЗАСИТУВА…

Поради дефект без вода Драчево, Долно Лисиче,…

Регионалниот центар за управување со кризи на…