Илиевски стрелец во ремито на „македонската пресметка“ во Унгарија
Младинскиот македонски репрезентативец Марио Илиевски го даде третиот гол за Кишварда, втор во унгарската елита во „македонската пресметка“ која заврши без победник 1-1 против Мезоковесд Жори, каде игра Давид Бабунски на отворањето на 13-то коло.
Илиевски вторпат на Мезоковесд му дава гол сезонава, а погоди во 54-та минута и Кишварда пропушти победа откако Дритон Цамај промаши пенал во 66-та, па домаќините дојдоа до израмнување на девет минути пред крајот на мечот за да освојат бод.
Бабунски играше до 78-та минута од мечот по што беше заменет.
Кишварда со четвртото сезонско реми сега е трета со 22 бода, два зад лидерот Ференцварош, кој има дури три меча помалку. Мезоковесд, пак со четвртото реми дојде до 13 бода и е на деветото место, но е во серија од четири меча без пораз.
Илиевски има два гола во „ОТП Банк-лигата“ и еден во Купот на Унгарија, откако летово од Септември Софија дојде во актуелниот вицепрвак.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Град Скопје објави јавен повик за субвенции…
Град Скопје објави Јавен повик за доделување…
Трамп закажа средба во Белата куќа со…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп…
Во Појасот Газа за 24 часа убиени…
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во…
Вучиќ најави голема воена парада во Белград…
Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на…