Илина и Ева под македонско знаме ќе се натпреваруваат на европското првенство по ритмичка гимнастика во Будимпешта
Убави вести стасаа од Геманија, сонот на Илина(16) и Ева(13) Соколовски стана реалност! Двете наши девојчиња, кои ги собраа сите можни медалји по ритмичка гимнастика во Германија, сега конечно ќе ги бранат боите на нашата држава! Илина и Ева под македонско знаме ќе се натпреваруваат на европското првенство по ритмичка гимнастика, кое ќе се одржи во Будимпешта!
И двете се пресреќни, бидејќи сите овие години, колку што се натпреваруваат, иако се со македонски пасош, се натпреварувале за Германија, родени се и живеат таму со семејствто.
Конечно ми се исполни сонот! Уште кога почнав посакував еден ден да застанам под македонското знаме. Кога ќе настапувам за Македонија ќе ме подржат моите тренерки од Германија, со кој веќе работам 10 години. Во Македонија не постои овој спорт и нема тренери, кој ќе ја исполнат нормата за интернатионални натпревари. Се радуваме со мојата сестра што ке ја представуваме Македонија на балканските, европските и на светските натпревари, ни рече Илина.
А додека да се случи овој натпревар Илина и Ева стартот на новата сезона го почнаа, секако со медалји. Во јануар Ева имаше пријателски традитицонален натпревар во Боркен, каде го освои првото место. На 11. фебруари во Гутершлох се одржа првата квалификација на сезоната и Ева повторно беше прва, додека Илина го освои второто место. На 19. фебруари Ева се натпреваруваше во Бохум републички традиционален натпревар и повторно го освои првото место.
А вака е и деценија наназад, колку што двете се натпреваруваат на републички, државни и интернационални натпревари по ритмичка гимнастика во Германија.
Многу медалји ги красат витрните на нивните клубови, недостасуваше само натпревар за матичната земја, бидејќи на секој Македонец желбата е да си ја претставува државата.
Навистина сонот ни се оствари да ја представувме Македонија. Веќе се изработуваат потребните документи и пресреќни сме со Ева што ќе бидеме репрезентативки на Македонија! Следува напорна работа, напорен тренинг, но тоа нас не не плаши, вака функционираме уште кога почнавме. Мотивот сега ни е поголем, Македонки сме, со македонски пасош и под македонско знаме ќе се обидеме да ја претставиме во најдобро светло татковината на европската спортска сцена, вели Илина.
Песната „Кога падна на Пирина“ од „Некст тајм“ беше инспирација на Илина Соколовска за настап на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија и се закити со вицешампионско место.
Илина и Ева се скопјанки, кои се родни во Геманија, но со семејството живеат и победуваат за Геманија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црни сценарија од Будимпешта: Влез на Украина…
Пристапувањето на Украина во НАТО би значело…
Сијарто: Будимпешта е под притисок да ја…
Будимпешта е под притисок да ја прекине…
Во Будимпешта на 8 октомври ќе биде…
Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска на 8…
Сијарто: Будимпешта сака да ги зајакне економските…
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…
Пејџеpите што екcплодираа во Либан ги произвела…
Пејџеpите користени во нападите во Либан беа…