Илинденски факел: Континуитетот на илинденската традиција во НОБ и АСНОМ
Континуитетот на илинденската традиција во НОБ/НОВ и АСНОМ(1.)
Илинденски факел 1903 – 1944
Револуционерните традиции од борбата на македонскиот народ се еснцијата на неговата народноослободителна борба за национална и социјална слобода. Тие поттикнуваат и инспирираат на акција и непокор. Сплотуваат и обединуваат во борба за национално, културно и духовно ослободување од вековен гнет. Претставуваат вистинска нишка на континуитет на револуционерната борба на македонскиот народ – борба заслобода и борба за своја независна држава. Таа вековна борба има свој историски и временски континуитет.
Револуционерниот чин во дејствувањето на македонскиот народ е од круционално значење. Светлите револуционерни примери(Димитар Поп Георгиев Беровски, поп Стојан Разловски, поп Коста Буфски, Дедо Иљо Малешевски, Стефо Николов, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Питу Гули, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Пере Тошев, Христо Узунов, Никола Карев, Кузман Јосифовски – Питу, Стив Наумов, Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Коце Металец, Методија Андонов – Ченто, Панко Брашнаров, Петре Пирузе, Димитар Влахов и многу други) имаат инспитативно влијание на широките народни маси.
Револуционерните искуства од востанијата и буните се мобилизирачки чин, сигнал и повик за дејствување и акција во револуционерниот континуитет, од една мината фаза, во друга идна светла епопеја. Сите заедно придонесуваат за канализирање на прогресивните движења и насочуваат кон вистинскиот пат на развојот на секое ослободително движење. Истовремено ги поттикнуваат основните насоки и устреми на слободољубивите, револуционерни и прогресивни идеи, кои го преобрзуваат целото општество и го прават подобро.
Така, Илинден 1903 е револуционерен израз на континуитетот на борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување, носејќи во себе нишка и пораки на Разловечкото и Македонското(Кресненско) востание од 1876-та и 1878-та. А воздејството на Илинденското востание во/со НОБ/НОВ се јавува силно и многустрано. Тоа е светол акт на патриотско поврзување ипиетет кон Илинден. Но, Илинден е и многу повеќе од тоа, бидејќи е и органска потреба на новите револуционерни содржини и барања. Нив, веќе 1924г. прв ги претскажа Димо Хаџи Димов во неговата студија “Илинденското востание и поуките од него за сегашните македонски револуционери“.
Илинден 1903-таносејќи во себе дел од Разлог и Кресна и самиот е револуционерен израз на континуитетот на борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Храбрите илинденски борци, нивната беспоштедна револуционерна борба и пораките што ги испратија за сите нас, европската и светската јавност ќе имаат силна рефлексија во идните револуционерни движења во Македонија. Не е случајно што македонската историографија недвојбено констатираше, за век и веков, дека големината на историските настани најсугестивно се изразува во трајноста на нивното воздејство. Илијден 1903-та ја имаше судбината да биде таков настан – да значи многу и за своето време и за иднината.
Затоа Илинден 1903 е редок историски настан(Д.Митрев). Најзабележителна страница на историјата на македонското национално-ослободително движење и сенароден македонски стремеж во борбата за национално и социјално ослободување(Х.А.Полјански). Неговите содржини и илинденските револуционерни особеност и итредиции, се покажаа како преломен чин и патоказ во НОБ. Тој епохален миг и историски чин го зазеде челното место во брвиците на македонскат слободарска традиција. Не случајно, Арсени Јовков во 1923г. го означи Илинден како историски пиедестал за изградување на идната македонска слобода.
Во револуционерниот илинденски чин времето на иднината визионерски беше навестено со Илинденскиотфакел на слободата. Најпрвин, Илинден 1903 се чествувааше и беа организирани илинденски демонстрации во сите градови на Македонија, како Скопје, Битола, Прилеп, Куманово, Охрид, Велес, Ресен, Струмица и Неготино. Така, илинденската слободарска традиција како црвена нишка се вклопи во континуитетот на народноослободителната борба и тоа како скапоцено позитивно искуство(М.Апостолски). Потоа се случи 11 октомври, востанички, борбен и револуционерен чин и миг, кој ги наговести слободата и содавањето на национална држава. Следуваше Народната и социјалистичка револуција на македонскиот народ предводена од партизанските одреди војската на НОВ. На крајот, овие светли епопеи се втелелија во вториот Илинден – создавањето на АСНОМ, што претставуваше изградување и конституирање на Македонија како самостоја и независна држава.
Илинденскиот факел 1903 – 1944 преку својот континуитет го реализираше и Илинденскиот завет и идеал – слобода за македонскиот народ и самостојна независна македонска држава. Овој идеал го прифатија новите македонски генерации и го понесоа факелот, како Македонски светилник, во новите Илинденски борби.
Македонските визионери беа во право: Земјата што го даде Првиот, го даде и Вториот Илинден. Најпрвин ги имавме Крушевскиот манифест и Крушевската Република, а како нивен природен историски и национален континуитет се надоврзаа НОБ/НОВ и АСНОМ со своите државотворни решенија и одлуки, со декларацијата и правилникот.
На знајните(напред наведени и многу други) и незнајни херои од двата Илиндена им ја посветуван оваа колумна. Илинденците и Асномците го имаат своето истакнато место во Пантеонот на вечноста на Република Македонија. На ден Илинден се гордееме со нив, ги носиме во срце и со себе, вечно сме им благодарни и нашиот поклон пред нив и нивното револуционерно и джавотворно дело.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Втори август е славен датум за нашата…
Република Бугарија останува решена да работи на…
Сиљановска од Пелинце го честита Илинден со…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати…
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…
(Видео) Државата гори, Мицкоски сам слави Илинден,…
Премиерот Мицкоски и владината делегација меѓу кои…
Груевски: Славењето на хероите ќе создаде нови…
Честитка по повод Илинден објави поранешниот премиер…