(Видео) Илон Маск ја дочека Новата година во резиденцијата на Трамп, Мар-а-Лаго, на Флорида
Американскиот милијардер Илон Маск ја дочека Новата година во резиденцијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Мар-а-Лаго на Флорида, каде Трамп приреди гала вечера.
Маск го носел на раменици својот четиригодишен син кога пристигнал на имотот на Трамп, објави американски „Сан“.
Лара Трамп, сопругата на синот на Трамп, Ерик, пееше серенада пред околу 300 гости.
Таа изведе кавер на песната „I Won’t Back Down“ на Том Пети.
На приемот присуствуваа и новоизбраниот американски потпретседател Џеј-Ди Венс и сенаторот Тед Круз.
Маск наводно живее во луксузна куќа на имотот Мар-а-Лаго за да може постојано да биде во близина на новоизбраниот претседател.
Elon Musk, Shivon Zilis, X, Maye Musk and President Trump. 🫶🏻
— DogeDesigner (@cb_doge) January 1, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…