Илјадници Романци протестираат против поништувањето на претседателските избори

t

Илјадници Романци протестираа во петокот пред зградата на Уставниот суд против поништувањето на првиот круг од претседателските избори во декември, на кои победи малку познат кандидат на крајната десница.

Трите излегувања на гласачките места за избор на претседател и парламент ја фрлија романската политика во хаос откако Калин Џорџеску, претходно малку познат краен десничар победи во првиот круг од претседателските избори на 24-ти ноември, а испадна фаворизираниот социјалдемократскиот премиер Марсел Чолаку. Во вториот круг на 8-ми декември, Џорџеску кој навестува дистанцирање од ЕУ и НАТО, требаше да се соочи со противничката од десниот центар, Елена Ласкони.

Поради сомневањата за наводно руско мешање во изборниот процес за што досега не беа пружени никакви конкретни докази, највисокиот романски суд ги поништи претседателските избори и ѝ наложи на владејачката коалиција да ги повтори. Романскиот претседател во заминување Клаус Јоханис ќе остане на функцијата до изборите во мај.

Иако досега не беа многубројни, протестите се одржуваат редовно од 6-ти декември кога Уставниот суд ги поништи изборите, два дена пред вториот круг.

Одлуката беше донесена откако никогаш непрезентираните државни документи покажаа дека победникот во првиот круг Калин Џорџеску наводно имал полза од „неправедната кампања на социјалните мрежи“, „најверојатно организирана“ од Русија.

Официјална Москва повеќепати ги отфрли ваквите тврдења дека се мешала во романските избори и повика таквите тврдења да бидат поткепени со докази доколку такви воопшто постојат.

Одлуката за поништување на изборите дополнително ја ослабе довербата на јавноста во државните институции и ги поларизираше гласачите гневни поради внатрешните спорови во главните партии и наводите за голема корупција во актуелната власт.

Адвокатот на Џорџеску во петокот поднесе барање до Уставниот суд за укинување на неговата одлука.

Околу 4.000 негови поддржувачи се собраа пред зградата на судот со ковчег на кој пишуваше „Демократија“, извикувајќи „Сакаме да гласаме“ и „Вратете го вториот круг“.

Романската владејачка коалиција оваа недела се согласи да ги повтори претседателските избори на 4-ти и 18-ти мај, речиси шест месеци по поништениот прв круг. Дотогаш, претседателот во заминување Клаус Јоханис кој имаше неуспешен обид да се кандидира за челник на НАТО, чиј мандат истече на 21-ви декември, ќе остане на функцијата.

Не е познато дали на Џорџеску, кој го критикува НАТО и се спротивставува на поддршката на воената помош на Романија за Украина и романско вклучување во војната, ќе му биде дозволено повторно да се кандидира.

Романија има најдолга копнена граница со Украина во ЕУ и НАТО. Помогна за извоз на милиони тони украинско жито преку црноморското пристаниште Констанца, обучи украински воени пилоти и му го донираше противракетниот систем Патриот на Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илјадници Романци протестираат против поништувањето на претседателските…

Илјадници Романци протестираа во петокот пред зградата…

Земјотрес ја стресе Романија

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според…

Официјално: Бугарија и Романија ќе станат полноправни…

Бугарија и Романија ќе станат полноправни членки…

Романскиот премиер Марсел Чиолаку води во првиот…

Романскиот премиер Марсел Чиолаку и кандидатката на…

Европскиот парламент ќе побара брз прием на…

Европскиот парламент (ЕП) ќе го повика Советот…