Имало ли камери во „Пулс“ и дали се дел од доказите?

t

Дали постоел видео-надзор во изгорената дискотека што 13 години работела на диво „Пулс“ и во која животот го загубија 59 лица? Од обвинителството на ова наше прашање велат дека во оваа фаза од постапката нема да споделуваат такви детали.

Според наши извори од Кочани сигурно е дека имало видео-надзор на објектот што се наоѓал во непосредна близина на диско клубот кој го снимал влезот од кабарето. На снимките од мобилен телефон пак од дел од посетителите, кои што се проширија на социјалните мрежи, се гледа дека во првите минути од избивањето на пламенот над сцената се качува некој со противпожарен апарат кој неуспешно се обидува да го изгасне оганот.

За него се шпекулира дека е неформалниот сопственик на дискотеката, Дејан Јованов – Деко. Барем два извори за најмалку два медиуми тврдат дека тој противпожарен апарат што го користел Јованов на бината, бил несоодветен, односно дека бил наменет за гаснење екектрични уреди под напон и дека се препорачувал за користење во електро разводни кутии, телекомуникациони централи, лабаратории, компјутерски центри, а не во распламтен оган. Вештачењата ќе покажат дали ова е вистина.

Емисијата „Код“ во неделата објави дека во Кочани се шпекулира и со тефтерот на газдата. Имено, тој во тефтер ги запишувал сите на кои што низ годините им давал мито за неговиот бизнис да функционира.

Извор: Слободен Печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…