ИМАЛО НЕУСПЕШЕН ОБИД ЗА ГРАБНУВАЊЕ НА ВАЊА НЕКОЛКУ ДЕНОВИ ПРЕД УБИСТВОТО – На снимките се гледаат лопати и вреќа за спиење!

Обвинителството на денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски презентираше снимки од куќата на Велибор Манев.
На 24.11.2023 година на снимките се гледа дека во 03 часот и 53 минути Боре Видевски стои пред куќата на Велибор Манев. Излегува и Велибор Манев, му дава нешто во десната рака на Боре Видевски, Манев се упатува кон Мерцедесот, го отвора, па потоа повторно се упатува кон куќата. Во 4 часот и 6 минути Боре Видевски стои на улицата, Велибор Манев излегува и се забележува дека носи нешто во рацете, му дава нешто на Боре Видевски може да се констатира дека се најверојатно црни ракавици, Боре Видевски ги пробува на рацете ракавиците кои му се дадени. Истите се упатуваат пеш по улицата во правец кон Велес.
Во 4 часот 26 минути и 28 секунди обвинетите Велибор Манев и Боре Видевски се враќаат пеш пред куќата.Во 4 часот 28 минути и 39 секунди Боре Видевски излегува од дворот, оди кон неговата Шкода, заминува кон десната страна, а Велибор Манев во 4 часот 29 минути и 14 секунди се појавува во близина на капијата и истиот во возилото Рено Кангу кое претходно беше паркирано излегува од куќата, Боре Видевски седнува на совозачкото место и во 4 часот 31 минута и 15 секунди се забележува какоа Реното заминува од пред куќата на Велибор Манев и се движи во правец кон Велес, а Мерцедесот и Шкодата остануваат на местото кадешто се паркирани.
По неуспешниот обид за грабнување на Вања возилото се враќа во 10 часот и 7 минути и во истото се забележува дека од совозачкото место излегува Боре Видевски, ја носи истата облека како во раните утрински часови, истиот се упатува кон неговата Шкода. Од Реното излегува и обвинетиот Велибор Манев, а Боре Видевски во 10 часот 8 минути и 49 секунди заминува од местото. Во 10 часот и 12 минути Велибор Манев од Реното вади две лопати кои ги држи во левата рака, додека и во десната носи некои предмети.
Во 11 часот 12 минути и 20 секунди Велибор Манев доаѓа позади возилото Рено Кангу, паркирано во дворот и истиот се јавува од мобилниот телефон, разговара и во 11.35 часот ги отвора задните врати од Реното и внесува предмети од Мерцедесот во Реното. Манев од Реното вади предмет налик на вреќа за спиење, темносина боја, ја дипли и ја враќа во Реното.
На 25.11.2023 година во 16 часот 39 минути и 39 секунди Велибор Манев влегува во Мерцедесот, кратко потоа пристугнува возилото Шкода Фелициа (сопственост на Боре Видевски) по што Боре Видевски влегува во Реното на возачкото седиште,а Велибор Манев влегува во Мерцедесот и тргнува и се упатува во правец кон Велес, а веднаш по него и Реното. Во 19.45 пристигнува Мерцедесот од возилото излегува Боре Видевски и истиот ја отвора капијата од гаражното место по што се забележува дека Мерцедесот влегува во дворот на куќата и се паркира по што Боре Видевски се упатува во правец кон Велес.
На 26.11.2023 година во 22 часот 1 минута и 56 секунди Велибор Манев доаѓа до Мерцедесот паркиран во дворот, влегува во возилото на возачкото место и заминува во правец кон Велес. Истото возило се враќа во куќата дури наредниот ден во 13 часот со истата облека со која е забележан на камерите на Сејф сити на совозачкото седиште во Рено Кангу. Практично ова е времето откако во Скопје е извршено грабнувањето и убиството на починатата Вања на 27.11.2023 година.
Велибор Манев и Боре Видевски се забележани на камера од куќата на Манев и ан 29.11.2023 година, што значи дека обвинетите и по настанот имаат комуникација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Туфегџиќ: Таткото нема поврзаност со убиството на…
Александар Ѓорчевски нема никаква поврзаност со убиството…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…
По изјавата на Агелер за случајот со…
Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…