Имам ги нарекувал џиxадистите херои: Поради paдикални пpoповеди зaтворена џамија во Франција

t

Француските власти затворија џамија во регионот Оаза поради радикални проповеди на имами кои го бранат џихадот. Џамијата во градот Буве ќе остане затворена шест месеци, соопштија локалните власти, пренесува Индекс
Властите во регионот државата Оаза соопшти дека имам ги нарекол џихадистите херои во своите проповеди и дека поттикнува омраза и насилство.

Пред две недели францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека процесот за затворање на Големата џамија во Буве, 100 километри северно од Париз, е започнат бидејќи имамот во своите проповеди ги критикувал христијаните, хомосексуалците и Евреите.

Правниот застапник на здружението кое раководи со џамијата рече дека зборовите на имамот, кој неодамна преминал во ислам, биле извадени од контекст. Тој додаде дека е суспендиран.
Но, Министерството за внатрешни работи рече дека човекот, за кој џамијата рече дека само повремено проповедал, всушност функционирал како редовен имам и често ја бранел ригорозната практика на исламот и неговата супериорност над законите на Републиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова драма во Франција: Евакуирана железничка станица

Железничката станица Сен-Шарл во Марсеј беше евакуирана…

Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…

Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…

Левичарите во Франција го обвинија Макрон за…

Победниците на изборите од француската левичарска коалиција…

Пад на еврото по изборите во Франција

Еврото падна по вториот круг од парламентарните…

Пет можни сценарија по изборите во Франција…

Откако левиот блок освои најмногу мандати во…