Има за бифтеци, нема за студентите: Левица го поддржува утрешниот студентски протест
Во рекордниот Предлог-буџет на владата на СДС и ДУИ, кој нема никаква развојна компонента, 140 милиони денари се скратени од ставката „Студентски стандард“, наведуваат во соопштение од Левица.„Откако студентите најавија протести против укинувањето на субвенционираниот студентски оброк, предлагачот Моника Зајкова од ЛДП ретерираше и најави повлекување на предлогот. Нејзината изјава дека се повлекува законот е манипулативна, затоа што, според Зајкова, испаѓа дека таа не ни знаела каков предлог-закон поднесува!
Иако за утре е закажана средба на МОН со Студентското собрание, тоа што во предлог-буџетот се скратени 140 милиони денари од студентите, јасно дава до знаење дека власта со разни акробации повторно ќе штеди врз грбот на студентите.Криминалната клика на власт во време на економска криза единствено штеди врз грбот на работниците, земјоделците и студентите – додека привилегиите на функционерите само ги зголемуваат.Од тие причини, Левица го поддржува утрешниот протест на студентите пред Собранието, закажан во 16 часот.Младите се авангарда и критичка мисла на секое општество и тие мора да бида прогресивна сила која ќе ги иницира промените против корумпираниот владејачки естаблишмент“, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…
Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…
Благодарение на силниот и истраен притисок од…