Објавено на:

Има надеж и за Македонија, Борел: ЕУ да се откаже од принципот на едногласност

t

Шефот на  европската дипломатија,  Жозеп Борел, изјави дека ЕУ треба да се откаже од принципот на едногласност, што ја спречува да носи важни одлуки откако проширувањето се врати на дневниот ред на Унијата.

Тој напиша авторски текст за резултатите од минатонеделниот самит на лидерите на ЕУ, јавува Анадолија.

„Како што го поттикнуваме проширувањето на ЕУ, така треба да направиме сличен напор за реформирање на ЕУ и нашето одлучување. Затоа што проширената ЕУ треба да може полесно да дејствува. Тоа значи и стеснување на опсегот на правилата за консензус во надворешната политика и другите области и донесување повеќе одлуки со квалификувано мнозинство”, напиша Борел.

Борел истакна дека на ЕУ и требаше еден месец за да го прифати шестиот пакет санкции против Русија на крајот на мај, но некои од точките договорени во Советот (како што е санкцијата за патријархот Кирил на Руската православна црква) не може да се рефлектирана во финалниот пакет.

„Искусивме слична динамика во почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, при што една земја (Бугарија) блокираше одлука што сите други би можеле да ја прифатат”, рече Борел.

Борел посочи дека системот на едногласност има негативни последици за кредибилитетот и ефикасноста на ЕУ.

Тој изјави дека идејата за „европска политичка заедница” на францускиот претседател Емануел Макрон била прифатена од сите лидери на самитот.

„Европската политичка заедница може да им овозможи на земјите кандидати веднаш да учествуваат во различните политики на ЕУ. Може да вклучи и, доколку сакаат, одредени земји од кои не се бара да се приклучат на Унијата, како Норвешка, Швајцарија или Обединетото Кралство”, рече Борел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…