Објавено на:

Има надеж: Украина го објави условот за преговори со Русија за Крим

t

Официјален Киев вчера испрати важна порака поврзана со можните преговори со Русија. Како што објави „Фајненшл тајмс“, ова е „најексплицитната порака досега дека Украина е заинтересирана за преговори“ со Русија, откако беа прекинати во април минатата година.

Имено, Андриј Сибиха, искусен украински дипломат и заменик шеф на кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена да влезе во дипломатски разговори со Русија за иднината на окупираниот полуостров Крим – под еден важен услов.

„Доколку успееме да ги постигнеме нашите цели на фронтот, односно кога ќе бидеме на административната граница со Крим, подготвени сме да отвориме дипломатски преговори на таа тема. Тоа не значи дека исклучуваме воено ослободување на Крим“, изјави Сибиха во интервју за „Фајненшл Тајмс“.

Важна порака

ФТ посочува дека изјавите на Сибиха би можеле да ја намалат загриженоста на западните лидери кои се скептични за способноста и капацитетите на украинската армија за воено ослободување на Крим, но и загрижени за можноста рускиот претседател Владимир Путин да ја ескалира војната поради таков обид, можеби дури и со тактичко нуклеарно оружје.

Досега, потсетува ФТ, украинскиот претседател аксиоматски ја отфрлаше можноста за какви било преговори со Москва додека сите руски сили не ја напуштат Украина, што го вклучува и Крим.

Според ФТ, неговиот советник Сибиха е искусен дипломат фокусиран на политиката и бил со Зеленски во клучните моменти од војната.

Сибиха наведува дека Зеленски разговара за Крим со своите колеги во моментот кога украинската армија е се поблиску до започнување на контраофанзива со цел ослободување на окупираните територии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…