Им ги разубавија празниците на 75.000 луѓе: Банка по грешка на сметките им уплатила 155 милиони евра
Десетици илјади луѓе на божиќното утро ги изненадил неочекуван добротвор – Сантандер банка.
Имено, како што објавија локалните медиуми, банката по грешка уплатила 155 милиони евра на дури 75.000 сметки.
Персоналот на „Сантандер“ сега брза начин како да си ги врати парите, а таа задача им е отежната бидејќи голем дел е уплатен на сметки во други банки, објави во четвртокот Би-Би-Си.
Грешката настанала на тој начин што двапати биле извршени плаќања од 2.000 деловни сметки.
Банката нагласи дека веќе почнала да разговара со другите банки – „Barclays“, „HSBC“, „NatWest“, „Co-operative Bank“ и „Virgin Money“ со барање да ги замолат нивните клиенти „да ги вратат парите“.
Сепак, не е јасно како ќе постапат банките во случај нивните клиенти веќе да ги потрошиле парите, бидејќи враќањето на средствата може да доведе до пречекорување.
„Сантандер“ навести дека можеби ќе треба директно да контактира со сите 75.0000 лица за да си ги врати парите, пишува Би-Би-Си.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Московската берза го запира тргувањето со американски…
Од 13 јуни Московската берза престанува да…
Од денес во Косово се плаќа само…
Како што јави РТК, вчера заврши преодниот…
Директорот на М-НАВ Хамиди тврди дека огласот…
- Гледам дека проблематични, условно речено „демек“…
Трагична грешка: Израелската армија уби тројца заложници…
Израелската војска во петокот по грешка убила…
Британците предупредија на уште една тешка зима
Сметките за енергија се очекува нагло да…