Им пукна филмот: Демонтранти влегоа и ја запалија канцелартијата на гувернерот во сириската провинција Свеида
Десетици демонстранти кои протестираат против влошената економска состојба во Сирија, денеска упаднаа во зградата на локалната власт во градот Свеида и ја запалија.
По палењето на зградата, според очевидците се слушнале истрели од огнено оружје.
Претходно, повеќе од 200 луѓе се собраа околу зградата барајќи оставка од сирискиот претседател Башар Асад.
Според сириските државни медиуми „десетици одметници упаднале во канцеларијата на гувернерот и запалиле досиеја и службени документи“
Провинцијата Свеида, населена претежно со припадници на малцинската група Друзи, е поштедена од насилството забележано во другите делови на Сирија од почетокот на војната. Друзите долго време се спротивставуваат да бидат вовлечени во сирискиот конфликт.
Сирија е во длабока економска криза поради војната во кој загинаа стотици илјади, а раселени се милиони луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ќе го намалат бројот на американски…
САД ќе го намалат бројот на своите…
Европската унија ги укина економските санкции против…
Европската Унија ги укина економските санкции врз…
ЕУ одлучи да ги укине економските санкции…
Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево…
Саудиска Арабија и Катар го отплатија долгот…
Светската банка денеска објави дека Саудиска Арабија…
Трамп е воодушевен од лидерот на Сирија,…
Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со…