Ина Многуфина: Го допревте дното, пијани одите на работа ,кеширате патни трошоци – Бугарски пратеник собра 35 000 евра и ги донесе, нашиве одмор земаа
Во време на крах на системот кога е нужно да се лоцираат сите закони кои треба да се сменат, оние што имаат дупки што станале тунели, оние кои се донесени за да може да шиба корупцијата, оние закони кои доведоа до оваа трагедија…. собранието си зема две недели одмор.
Да одморат они од не знам што. Од праење планови како со седење во Скопје да кешираат патни трошоци, како да идат пијани на работа, како да дремат по цел ден во бифето кое е поевтино и од студентска менза, како да се местат да позираат додека се сликаат како се потпишуваат во книгата на жалост со поглед во камера и поза кума во матично, како да дремеат на седници куцкајки на телефон, да одморат од пикање на штабските потрчковци во собрание за решение, од тоа?
Собранието го носи барјакот за системот кој го немаме, слика и прилика на еден непрофесионализам и неетичност. Да одмореле, демек да не се испотепале за ситуацијата. Еј, немој бе. Демек ќе излезат и ќе се скараат за тоа кој е крив? Па тоа ќе ескалира? Немојте, па ние сите знаеме дека они се другарчиња кои сложно гласаат за плати и патни трошоци како едно. Земале одмор две недели, да не биде полошо. Демек елоквентниве, дел од нив со фонд на зборови комад три, а дел само послушно дигаат рака. Бугарски пратеник собра 35 000 евра и ги донесе, нашиве одмор земаа.
Да одморат од тоа што нигде ги немаше во време на трагедијата. Има допирање на дно во политика ама зимање одмор во време на ваква трагедија кога треба да се анализира системот и да се средува да земеш две недели одмор, не е дно. Од овде треба да викнеш лифт да те качи до дното. Беда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…