Ина Многуфина: Државата иде у лер и чат пат негде нешто ќе се деси, ко Кочани или Трубарево и по нз кој пат сме во шок

t

Ова е период од годината кога Скопје треба да мириса само на ајвар. Кога веќе дознавме дека некој издавал дозволи за чување опасен отпад до училишта во населени места, кога веќе дознавме дека едни те исти ги палат едни те исти депонии со години, кога веќе се убедивме дека Дрисла не знаат да ја водат и увезуваме ѓубре од надвор да се гори тука ко да сме контејнерот на регионот, кога веќе знаеме дека се ова го дишеме, дајте барем во иднина да не се лажеме со муабети дека смрди и печат очи од домаќинствата или од старите коли и од тоа е загадено Скопје.

Загадено е од тоа што им се дозволува на некои да си тераат бизниси со ѓубре, загадено е зошто тоа врабореното таму ништо не работи, загадено е од што државата иде у лер и чат пат негде нешто ќе се деси, ко Кочани или Трубарево и по нз кој пат сме во шок дека буквално може да се земе дозвола и за нелогични работи на некаков начин.

Е сега, кога веќе почна да смрди целата работа, ред е да се каже кој даде дозвола за оваков отпад до школо, да се влезе у тоа Министерство и да се прочешла за што све имаат дадено дозволи и ред е некој што стварно разбира да седне да го води Министерството за животна средина пошо нас стварно не ни се умира заради туѓите незнаења или можеби нешто друго. Кој потпиша за опасниот отпад до школо? Министерот не чувствувал одговорност. Епа добро тогаш, ок. Извини што помисливме дека ти го хендлаш овој ресор. Уживај.

Фотката е на Тоше Огњанов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ина Многуфина: Државата иде у лер и…

Ова е период од годината кога Скопје…

Романија ќе го отвори прашањето за руските…

Романската министерка за надворешни работи Оана Цоју…

Томевски: Пожарот во Трубарево е под контрола,…

Пожарот кој изби во објект со електронски…

Почина жител на Тетово откако при сеча…

На 13.09.2025 во 12:05 часот во СВР…