Ина Многуфина со поинаква честитка за независноста: „Македонијо, среќен роденден и извини…“

t

По повод Денот на независноста на Македонија денеска многумина излегоа со свои честитки. Необична честитка имаше и инфлуенсерката Ина Многуфина.

Ина Многуфина во Фејсбук објава сподели фотографија со цитат од „Пиреј“ на Петре М. Андреевски кој гласи „…не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат.“.

Во натписот врз фотографијата со овој цитат Ина напиша: „34 години ќе беа доволни за да направиме држава со систем и со здрави темели. Наместо тоа, кој дојде си ја шуткаше ко туѓа да е. Денес, после 34, младите не викаат дека се селат туку викаат дека се евакуираат. Македонијо, среќен роденден и извини“, напиша таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ина Многуфина со поинаква честитка за независноста:…

По повод Денот на независноста на Македонија…

(Видео) Протести во Турција: Демонстрантите се судрија…

Поддржувачите на турската опозициска Републиканска народна партија…

Петковски: Македонија денес е најсиромашната држава во…

Поранешниот функционер и екс-претседател на НСДП, Тито…

Европските автомобилски гиганти на средба со Урсула…

Европската автомобилска индустрија се соочува со најголемата…

Tурската поетеса од Скопје Лејла Шериф Емин…

Песната напишана од турската поетеса од Скопје…