Ина Многуфина: Што ќе одите во странство на одмор, ене ја Треска, што ѝ фали?

t

Во потрошувачката кошничка одморот во странство се смета за луксуз изгледа според политичарите одмор по местата во земјава каде за овие години не успеа никој да го развие туризмот е сосема ок и имаат капацитети да не соберат сите. Потоа овошје што не е сезонско е луксуз, освен за нив, манго и папаја е сосема нормално да се набавува во влада бидејќи тоа е сезонско и расте кај Валандово. Така да, ако се сведе кошничката на леб, вода, сол и сеа ќе видиме дали конзерва или смрзнат грашок и уште нешто, ќе видите дека на Македонецот му е сосема супер живеачката и не сме ние сиромашни и цените високи туку сме трошаџии. Нема што да идеме у странство на одмор, ене ја Треска шо и фали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ