Инвестициите на Груевски најголеми работодавачи во Македонија

t

Најголемите работодавачи не се во Скопје и се поврзани со автомобилската дејност

Најголемите работодавачи не се во метрополата. Тие се во Кавадрци, Битола и во Кочани. Заеедничко за сите три топ работодавачи е што тие се дел од странски корпорации кои работат за светската автомобилска индустрија.

Порталот „Пари“ ги анализираше 100-те НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ во државата, а посебен осврт направи на 10-те најголеми.

100- те НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ во Македонија лани вработиле 78.329 работници. Благодарение на нив, компаниите од различни дејности, направиле промет од 7,3 милијарди евра, а вкупната добивка им била 456 милиони евра, покажуваат податоците на платформата БизнисМрежа.мк.

Кај истите овие работодавачи, мината година биле вработени  76.598 работници, односно 1.731 помалку. Во 2020 година, тие направиле вкупен приход од 6,2 милијарди евра, но притоа треба да се земе во предвид дека во 2021 година веќе почна инфлацискиот тренд, а повисоките цени, секако дека имаа влијание на зголемувањето на износот за направениот промет. Во 2020 година овие компании направиле добивка од 350 милиони евра, што значи дека лани компаниите биле попрофитабилни за дури 156 милиони евра.

КОИ СЕ ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ?

Во првите 10 најголеми работодавачи во 2021 година работеле 25.647 работници. Во 2020 година, пак, во истите овие компании работеле 25.443 работници, или 204 работници помалку.

Она што може да се забележи е дека од ТОП 10 работодавачи, само 4 се во Скопје, додека другите се во другите градови.

Најголемиот работодавач е во Кавадарци, а тоа е компанијата ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА. Во 2020 година, ова компанија беше втор најголем работодавач. Да потсетиме, станува збор за компанија за производство на електрична и електронска опрема за моторни возила. Компанијата минатата година направила приход од 60,7 милиони евра, а добивката и била 2,7 милиони евра.

Вториот најголем работодавач бил КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА БТ од Битола, поточно од индустриската зона Жабени, со 5.368 вработени. Ова компанија има мало намалување на бројот на  вработени во однос на 2020 година. Тоа, како и растот на вработените во ДРЕКСЛМАЈЕР ја турнаа компанијата на второ место по број на вработени, иако во претходните години беше најголем работодавач. И оваа компанија е од дејноста производство на електрична и електронска опрема за моторни возила. Компанијата лани направила приход од 211 милиони евра, а добивка од 2,5 милиони евра.

Третиот најголем работодавач е АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ од Кочани. Во оваа компанија лани работеле 2.185 работници, дури 357 повеќе отколку во 2020 година. Тоа ја довело компанијата лани на третото место по број на вработени, додека во 2020 година била на 7-мо. Оваа компанија е дел од американска корпорација, во Колани има повеќе погони, а тие произведуваат кабли за автомобилската индустрија.

Еве кои се 10-те најголеми работодавачи во 2021 година:

Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија во 2023. инвестирала три милијарди долари…

Обемот на вкупните директни руски инвестиции во…

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Унгарија најатрактвна земја од ЕУ за кинеските…

Кинеските инвестиции во Европа (27 членки на…

Мицкоски: Инвестиција од 400-500 милиони евра во…

Мицкоски најави голема инвестиција од 400-500 милиони…

(Видео) Јакимовски: Сеопфатен инвестиционен од над 50…

- Овој пазар овде во Крива Паланка…