ИНДИСКИ БЕГАЛЕЦ ИЗМАМИ ФУНКЦИОНЕР: Парагвај потпиша договор со измислена земја
Скандал ја тресе една од државите во Јужна Америка. Парагвај потпиша договор со измислена земја.
Висок парагвајски функционер е сменет поради потпишување на меморандум за соработка со кој се препорачува воспоставување дипломатски односи со непостоечка земја.
Арналдо Чаморо, секретар на кабинетот во Министерството за земјоделство, вчера изјави за новинарите дека е отпуштен затоа што во октомври потпишал договор со делегацијата на „Соединетите држави Каиласа“, наводен остров лоциран северно од Јужна Америка.
„Дојдоа и изразија желба да му помогнат на Парагвај, презентираа неколку проекти, ги слушавме и толку“, изјави Чаморо.
Тој призна дека луѓето го измамиле. Измамникот бил од Индија. Парагвајските медиуми открија дека „суверенот“ од Каиласа е всушност индиски државјанин кој е во бегство. Тој избегал за да не му се суди во родната земја.
Пред неколку години Италија уапси лице кое се претставувало како принц на Црна Гора и Македонија и на тој начин водел луксузен живот. Италијанската полиција цо 2017 година го уапси Стефан Чернетиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…
Дебар Маало ќе се затвора за возила…
Со овој пилот-проект кој веќе е готов…