Индоктринацијата во Аеродром, Муцунски ја отпочнал уште минатата година: Спроведува проект наречен „Родовно одговорно училиште“ – Сорос би се гордеел!

t

Вчерашната објава на Коалицијата за заштита на децата успеа со молскавична брзина да се пренесе до голем број граѓани на Македонија, кои бурно изреагираа на содржината. Бурната реакција е сосема оправдана, со оглед на тоа што во објавата се вели дека учениците од шесто до деветто одделение при ООУ „Љубен Лапе“ во нас. Аеродром, Скопје, следната недела, како дел од нивните забавни активности, ќе се облекуваат како спротивниот пол – машките како женски, а женските како машки, пренесува невладината организација.

На оваа објава голем дел од родителите изреагираа со загриженост и несогласување, но имаше и такви кои ја нападна Коалицијата со погрдни зборови и обвинувања за манипулации и ширење дезинформации. Едни од оние во втората група беа и Општина Аеродром, кои експресно објавија демант на објавата и нè предизвикаа да го објавиме тој демант. Во прилог, целиот демант како што е објавен (кликнете на сликата за да ве одведе до оригиналниот извор):

За демантот дознавме од нашиот партнер Преземи Одговорност, кој нè информира дека неколку пати коментирале на објавата, но админите на Општина Аеродром упорно им ги бришеле коментарите, и не само нивните, туку и на многу други што коментираа. Тоа може да се види од тоа што 40-тина од 119-те коментари (бројка во моментот на пишување на објавата – заб.на уред.) ги нема на објавата. Се разбира, оние со пофални зборови за Општината и училиштето не се избришани.

На нашето прашање зошто ги бришат коментарите, од Општината Аеродром добивме одговор дека биле „недолични и навредливи“.

Она што може да се забележи од реакцијата на нивниот одговор, е дека речиси на половина од лицата што изреагирале, истиот им се чини смешен.

Претпоставуваме дека тоа е така затоа што оние кои нè следат некое време, веќе знаат дека транспарентноста е еден од квалитетите и вредностите што ги негуваме.

Најверојатно мислеа дека со обидот да го уништат угледот на Коалицијата и Преземи Одговорност, ќе успеат да го пренасочат фокусот подалеку од настанот во училиштето. Но, од самото постоење на Коалицијата, искуството со политичките и други организации што спроведуваат агенди, од кои голем дел се обиделе да манипулираат со нашите зборови и да уништуваат докази, нè натера да вложуваме дополнителни напори во сочувување на тие докази. Истото го прават и нашите партнери.

Во прилог, редоследно ги објавуваме избришаните коментари од нашиот партнер Преземи Одговорност, кои според Општина Аеродром, се „недолични и навредливи“ (кликнете на сликите за да зумирате):

А за споредба, „доличните“ и „ненавредливи“ коментари на ботовите што се појавија во одбрана на Општина Аеродром и училиштето, и на Фејсбук страницата на Општината и на споделената објава од порталите и кои, се разбира, не се избришани (последниот коментар се наоѓа на објавата на еден од порталите – заб. на уред).

Правило е дека кога засегнатата страна демонстрира двојни аршини и брише коментари кои се во рамките на доличното однесување, затоа што ја преиспитуваат валидноста за нејзините изнесени зборови или акции, тогаш станува збор за намерно сокривање на вистината. Освен доколку од Општина Аеродром сметаат дека народот, кој не само што ги изгласале, туку и преку подмирените даноци ги плаќаат оние што се на позиција на власт, нема право да ги преиспитува нивните дела. Искрено се надеваме дека не размислуваат на тој начин, но сепак, со нивното манипулирање на олку мала и безначајна вистина, успеаја дополнително да си го нарушат сопствениот кредибилитет, поради што јасно е зошто голем дел од народот се сомневаат во искреноста и валидноста на демантот. Едноставно, само затоа што некој нешто демантира, не значи дека ја кажува вистината. Како што рече нашиот коалиционен партнер – „И сериските убијци демантираат дека убиле некого“…

За жал, од сето погоре изнесено, може да увидиме дека од Општина Аеродром вината за планираните активности ја префрлаат на децата, а вината за тоа што информацијата протекла во јавноста ја калемат на Коалицијата за заштита на децата, наместо како возрасни, достоинствено да преземат одговорност. Дополнително, оставаат впечаток дека воопшто не се заинтересирани да ги послушаат граѓаните и родителите и да истражат од каде такви идеи, дали потекнуваат од одредени организации кои промовираат „промена на полот“ или од индоктринација преку социјалните медиуми. Очигледен е нивниот фокус да ја уништат репутацијата на единственото тело, кое активно се бори за заштита на децата од родовата идеологија. Но, зошто заштитата на децата од родовата идеологија не им е приоритет?

До Администрацијата на Општина Аеродром: род не постои! Тоа е само граматичка форма. Доколку навистина се грижите за децата, тогаш треба да зборувате за полово одговорно училиште, кое се залага за полова рамноправност! Информираните родители веќе знаат дека под „родова еднаквост“ се подразбира дека постојат безброј рода/пола, кои се флуидни т.е. секој може да избере дали сака да биде маж, жена или нешто друго, и кои треба еднакво да се третираат, односно, маж што се идентификува како жена треба да се третира како жена. И доколку навистина се грижите за децата, овие мали дечиња на сликите ќе ги оставите да уживаат во своето детство, без никаква индоктринација со активизам за „социјална правда“, којашто очигледно веќе се спроведува.

Бараме од Општина Аеродром јавно да кажат зошто промовираат „родова еднаквост“, наместо полова рамноправност!

Бараме од Општина Аеродром да извршат дополнителна истрага и јавно да излезат со информација од каде потекнува идејата децата да се облекуваат во спротивниот пол!

Бараме од Општина Аеродром да преземат одговорност за случката и да не се кријат зад децата, да не бришат коментари и да покажат поголема почит кон граѓаните на Македонија, со тоа што ќе одговорат на предлозите во коментарите.

Извор: За Децата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Визер“ започна со нова рута Скопје –…

„Wizz Air“ започна со новата рута од…

Пронајден починат маж во близина на фудбалскиот…

Вчеравечер околу 22.55 часот во ОВР Гостивар…

Пендаровски со митинзи почнува од Крушево и…

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски почнува утре,…

ЦЕЛИОТ БАЛКАН ДЕНЕСКА ТАГУВА, двајца монструми го…

За жал, потрагата по исчезнатата Данкa Илиќ…

Бојмацалиев: Обезбедени финансии за бонус плата која…

Денеска, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи…