Иницијатива за прогласување на течението на Дошница како заштитена зона

t

Иницијативата за прогласување на течението на реката Дошница како заштитна зона утре ќе биде разгледана на седницата на Советот на Општина Кавадарци. Истата произлегува од активноста на неколку здруженија за заштита на животната средина, а членот на Советот од редовите на Левица, м-р Круме Богевски ќе ја предложи како неопходна за донесување поради развојот на случувањата на терен!

Ова е важен чекор кон заштита на еден од најзначајните хидролошки ресурси на Кожув, кој е дом на разновиден екосистем и има клучна улога во зачувувањето на биодиверзитетот и одржливото користење на природните ресурси.

Ги поддржуваме сите блокади и акции на терен како граѓанско барање за заштита на реката и нејзината околина. Оваа институционална борба е од суштинско значење за иднината на Општина Кавадарци и за зачувување на нашата природа за идните генерации.

Заедно за заштита на Дошница!

ЛИНК од објавата на Левица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иницијатива за прогласување на течението на Дошница…

Иницијативата за прогласување на течението на реката…

Тошковски ја искористува забраната за движење во…

Тошковски ја искористува забраната за движење во…