ИНИ: Билатералните протоколи со Бугарија се штетни за македонската и светската наука
Советот на Институтот за национална историја – Скопје како орган на управување, на својата редовна седница, одржана на 25.07.2022 година одлучи да се произнесе во врска со Билатералите протоколи со Република Бугарија.
Поаѓајќи од фактот што Институтот за национална историја е најстара научна установа во земјата, основана со уредба од 20 јули 1948 година, поради „големото значење на националната историја на македонскиот народ“, а повикувајќи се на актуелниот Закон за научно-истражувачка дејност, кој во член 3 ги дефинира начелата на „слобода и автономност на истражувањата и творештвото, – поврзаност со образовниот систем, – етичност, – неповредливост и заштита на личноста и достоинството на човекот, разновидност на мислења, методи, теории и доктрини“, како и утврдените цели во член 4, меѓу кои и „афирмацијата на националниот идентитет“, што го вклучува и членот 5 со кој како јавен интерес за државата, меѓу другото се дефинира истражувањето во „областана историскиот и културниот идентитет на македонскиот народ“, Советот е должен да укаже на штетноста на Билатералните протоколи со Бугарија, кои можат да доведат до ситуација во која општествените наративи ќе бидат во колизија со сознанијата на македонската и поголемиот дел од светската наука.
Советот на ИНИ – Скопје укажува на важноста на јазичните, културните и историските наративи, како за дефинирање на нацијата, така и за нејзиното препознавање како различна од „другите“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…