Институт за проучување на војната: Кремљ не се обврзал јавно за средба меѓу Путин и Зеленски
Кремљ не дал јавна обврска за билатерална или трилатерална средба на високо ниво, спротивно на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трaмп по вчерашната мултилатерална средба во Белата куќа, соопшти Институтот за проучување на војната на својата веб-страница.
Вашингтонскиот тинк-тенк ги цитира зборовите на Трaмп, кој рече дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин по разговорите во Белата куќа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неколку европски лидери, и дека започнал да организира билатерална средба меѓу лидерите на Русија и Украина.
Без да наведе датум и место за средбата, Трaмп додаде дека по неа, тој, заедно со Путин и Зеленски ќе одржат трилатерални разговори. Сепак, Институтот за проучување на војната истакнува дека Кремљ не се обврзал јавно за такви средби.
Институтот го цитира советникот за надворешна политика на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, кој по телефонскиот разговор меѓу Путин и Трaмп изјави дека двајцата лидери „изразиле поддршка за продолжување на директните преговори меѓу делегациите на Русија и Украина“ и дека „ќе биде потребно да се разгледа можноста за зголемување на нивото на претставници од украинска и руска страна“.
Ушаков се осврна на релативно ниското ниво на делегациите на двете страни во конфликтот за време на неколкуте рунди преговори во Истанбул оваа година. Според американските аналитичари, оваа позиција покажува дека сè уште нема согласност за билатерална или трилатерална средба на високо ниво.
Оваа оценка е во согласност со анализите на Институтот дека Русија не се откажала од своите максималистички цели за подредување на Украина.
На позадината на дипломатските напори, размената на напади меѓу двете страни во конфликтот продолжи и ноќеска. Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија ја нападнала Украина со 270 дронови и 10 ракети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Институт за проучување на војната: Кремљ не…
Кремљ не дал јавна обврска за билатерална…
Support Kocani: Над 4,5 милиони денари обезбедени…
Граѓанската иницијатива SupportKocani ја информира јавноста за…
Пожарот во Јасен сѐ уште активен, 3…
На територијата на државава до 12 часот…
Притворениците од „Шутка“ не биле спроведувани до…
Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека изминатите…
ЦУК и ДПД Струмица потпишаа Меморандум за…
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЦУК и…