Институциите конечно го забележаа Амир – осмоодделенец кој со еден оброк на ден постигнува фантастични резултати по математика
Институциите конечно го забележаа 14-годишниот Амир, осмооделенец кој постигнува фантастични резултати по математика.
„Младиот Амир покажа дека ниедна животна препрека не може да те спречи во желбата да успееш во тоа што го сакаш и во што ќе вложиш многу труд. Нам, како претставници на државата, ни останува да го поддржиме во неговата лична борба“. Ова го кажа министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата со Амир Дестанов од ОУ„Браќа Рамиз Хамид“, кој и покрај тешкото детство успева да стекне основни знаења за математиката, да ја засака и упорно да навлегува во нејзините тајни, за сега и на натпревари со врсниците, да покаже дека е одличен во решавање математички проблеми.
Извор: ТВ 21