Објавено на:

Интервју на Такер Карлсон со Путин точно на полноќ!

t

Американскиот новинар Такер Карлсон ја напушти Русија утринава, во 4:15 часот по московско време, со авион кој летал на линијата Москва-Белград од аеродромот Шереметјево. Истовремено, тој ги потврди пишувањата на медиумите дека интервјуто со рускиот претседател Владимир Путин ќе биде објавено на 9 февруари на полноќ по македонско време.
„Такер Карлсон го интервјуира рускиот претседател Владимир Путин. Интервјуто ќе биде објавено утре во 18:00 часот по EST“, се вели на страницата на Карлсон на Инстаграм.

На социјалните мрежи се појави фотографија од Карлсон во авионот. Каналот Мах Телеграм објави дека американскиот новинар ја напуштил Москва со летот Москва-Белград.
Претходно прес секретарот на шефот на државата Дмитриј Песков потврди дека Карлсон се сретнал и разговарал со Путин. Резултатот од разговорот се очекува да се појави на страницата на новинарот на X (поранешен Твитер) и на неговата веб-страница.
Карлсон во вторникот рече дека сега ќе бара средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, чии претходни интервјуа во американските медиуми немаат никаква врска со новинарството и се пропаганда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…