Интересна одбрана на менаџерот на Дарко Лазиќ: На фолкерот “му клавале дрога во пијачките”, затоа возел како луд
Дарко Лазиќ е приведен вчера околу четири часот наутро, откако, меѓу другото, било утврдено дека во телото имал кокаин, како и недозволено количество алкохол. Фолкерот тогаш беше казнет со 200.000 динари и една година забрана за возење, а во оваа прилика сега се огласи и менаџерот на Дарко Лазиќ.
Тој признал дека испил неколку алкохолни пијалоци пред да замине и не ја спори измерената количина на алкохол.
Во присуство на адвокат, одбраната ја дал на судијата, каде во целост признал дека сторил прекршоци за возење без возачка дозвола, со напомена дека поседува возачка дозвола во странство, која се уште не успеал да ја добие.
-Признал и дека испил неколку алкохолни пијалоци пред да замине, а не ја спори измерената количина на алкохол. Точно е дека при земање мостри, нарко-тестот покажал дека е позитивен на присуство на наркотици, но Дарко доброволно го направил тој тест, максимално соработувал со полициските службеници знаејќи дека не конзумирал наркотици, па останува прашањето како е пронајдена дрогатаво неговото тело, изјави менаџерот на Дарко, Енес Мирсов.
Менаџерот смета дека е дојдено до грешка и дека можеби некој на Дарко му ставил нешто во пијалакот.
-Претпоставуваше дека дошло до недоразбирање, погрешен пијалок, бидејќи во друштвото имало многу непознати луѓе, но прифатил дека оваа агонија ќе заврши денеска и е казнет со вкупно 200.000 динари. Тој само би додал дека не се точни тврдењата дека дрско се однесувал во полициската станица и дека околу целиот случај настанала непотребно голема драма. Дарко ќе плати мандатна казна во износ од 10.000 динари за пребрзо возење на автопат, додаде менаџерот на Дарко Лазиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведено едно…
На 08.04.2024 во 23.30 часот во Охрид,…
Полицијата пронајде и одзема 100 таблети екстази,…
На 16.03.2024 во 21.00 часот на улица…
Претрес во Велес: Пронајдена дрога кај 63-годишен…
Полицијата вчера привела шеесет и тригодишен велешанец…
Во Албанија уапсени повеќе од 200 луѓе…
Акцијата е изведена во текот на ноќта…
Учениците се дрогирале на час, полицијата упаднала…
Скандал ја тресе Хрватска откако тројца ученици…