Интересни факти: Македонците пијат 3,6 килограми кафе годишно

t

Веб-страницата „World of Statistics“ на Твитер објави листа на земји во кои се трошат најмногу килограми кафе по глава на жител годишно, според која Македонија се наоѓа на 18-та место и во неа жителите годишно пијат 3,6 килограми кафе.

Според оваа статистика, на прво место е Финска, каде годишно се пијат дури 9,6 килограми на жител.

Следуваат Норвешка со 7,2 килограми, Холандија со 6,7, Шведска со 6,5 и Словенија со 6,1 килограми.

Во „топ 10“ е и Австрија каде жителите годишно пијат 5,5 килограми, а веднаш зад неа, на седмата позиција е Србија со 5,4 килограми.

Следуваат Данска, Германија и Белгија, со околу 5 килограми испиено кафе годишно на жител.

Од земјите во регионот, Босна и Херцеговина е на 12 место со 4,3 килограми испиено кафе на жител годишно, а Хрватска е три места подолу со 3,8 килограми.

Последното место на оваа листа го зазема Нигерија со 0,03 килограми кафе.

Светскиот просек, инаку, е два килограма кафе по глава на жител годишно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…